Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

28.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата порака.

Во петокот вечерта, новороденче старо 18 дена и неговата мајка беа спасени од урнатините. „Најчесто сега ископуваме безживотни тела, но, фала му на Бога, понекогаш сè уште наоѓаме преживеани“, изјави за АФП спасител во градот Плаја Гранде.

Според најновите бројки од властите, најмалку 1.430 луѓе загинаа во два последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што го погодија северниот дел од земјата во среда, а повеќе од 50.000 сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот погоди седум милиони луѓе, според податоците на ОН.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата