Еуфоријата во таборот на фудбалската репрезентација на Норвешка е огромна. Како и не би била кога норвежаните синоќа го елиминираа Бразил во рамките од осминафиналето од Мундијалот, и си закажаа дуел со Англија во следната фаза.
Херој межу останатите секако е Ерлинг Халанд кој што на овој меч ги постигна двата гола за Норвешка во победата од 1:2.
По огромниот триумф во соблекувалната на норвежаните пристигна и нивната принцеза Ингрид Александра, инаку престолонаследничка на тронот.
И таа еуфорична како и сите останати воопшто не и пречеше да му честита на Халанд за огромниот успех кој што во моментот беше без маичка и гол.
Сепак, Норвешка е една од најлибералните земји во светот, каде што слободата и демократијата имаат вселенски размери па ова не само што не е непочитување на кралското семејство и самата принцеза, туку е и многу симпатично, и ја покажува човечноста на обете страни.
🇳🇴 | La Princesa Ingrid Alexandra, quien será Reina de Noruega en el futuro, se reunió con la selección de su país tras el triunfo contra Brasil. pic.twitter.com/lXSrGnRa3t
— Abril, The Duchess (@AbriltheDuchess) July 5, 2026

