Сандро Тонали со преселбата од Њукасл во Тотенхем, стана најскапиот италијански фудбалер на сите времиња. Медиумите тврдат дека трансферот чини 92.5 милиони фунти плус 7,5 милиони фунти низ евентуални бонуси, што ја прави неговата преселба во Лондон вредна цели 100 милиона.
Тој потпиша долгогодишен договор со Тотенхем, станувајќи еден од оние играчи од кого се очекува сериозен импакт во играта и резултатите.
Тонали прави вистинска пресвртница во кариерата по се она што му се случуваше во минатото, и скандалот со облоѓувањето, суспензијата и се останато.

