Трамп повторно со критики кон Шпанија

8.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп повторно со критики кон Шпанија

Тој изјави дека му наредил на американскиот министер за финансии Скот Бесант да ја замрзне сета трговија со таа земја, нарекувајќи го Мадрид „ужасен партнер“ во алијансата.

Обраќајќи се заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека не сака САД да соработуваат со Шпанија и ги повтори обвинувањата дека Мадрид не придонесува доволно за заедничката одбрана, пренесе „Ел Паис“.

„Не ни зборувајте за Шпанија. Тие се безнадежни. Тие се лоши луѓе“, рече Трамп. Шпанската влада реагираше на изјавите на Трамп, наведувајќи дека сака да одржува добри односи со Вашингтон.

„Шпанија на овие изјави гледа смирено и нормално. Нашата земја одржува одлични општествени, културни и економски односи со САД и немаме намера тоа да го менуваме“, се вели во соопштението од кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез.

Мадрид истакна дека Соединетите Американски Држави остваруваат трговски суфицит во размената со Шпанија, како и дека Европската Унија претставува единствена трговска зона во која ниту една земја-членка не може да се издвои од заедничката трговска политика.

„Билатералните односи меѓу САД и Шпанија се корисни за двете земји, како во трговската, така и во одбранбената сфера“, соопшти шпанската влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата