Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии.

 Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво.

 Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија.

 Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата