235 жртви, а 4.300 повредени во земјотресите во Венецуела

26.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
235 жртви, а 4.300 повредени  во земјотресите во Венецуела

Се уште под урнатитните се трага по преживеани. Надеж во потрагата по преживеани е вадењето на дете од урантините, детето беше извлечено без никави повреди. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во текот на ноќта помеѓу среда и четврток. Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај беа прекинати, како и наставата во училиштата.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, ја посети државата Ла Гваира, областа најпогодена од земјотресите. Според соопштението на претседателството, како дел од планот за вонредни ситуации, наредена е мобилизација на тешка механизација и итна дистрибуција на основни потреби, вклучувајќи вода за пиење, храна, душеци и ќебиња.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата