Блејк Лајвли е очајна поради тоа што не се нашла на списокот на гости на свадбата на нејзината екс најдобра другарка Тејлор Свифт.

Незадоволството и болката на Блејк Лајвли излегуваат на виделина откако таа не беше на списокот на гости за свадбата на нејзината некогаш многу блиска пријателка Тејлор Свифт.
Двете познати дами некогаш беа толку блиски и неразделни , дури Блејк ја избра Тејлор за кума на нејзините три ќерки, кои ги има со сопругот Рајан Рејнолдс.

Сепак, тоа навидум нераскинливо пријателство се распадна откако Тејлор беше непријатно вмешана во правен спор помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Извор за Дејли Меил изјави дека Лајвли е бесна и повредена.
„Блејк е тажна и малку лута. Всушност, таа е многу лута. Тоа пријателство и онака веќе беше завршено, но ако постоеше каква било надеж за помирување, таа сега е изгубена. Тие никогаш повеќе нема да бидат пријателки“, изјави добро упатен извор.

Истиот извор наведува дека ѕвездата на серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl) силно сакала да присуствува на свадбата. „Се чувствуваш лошо кога те исклучуваат на таков начин. Таа тајно се надеваше дека, и покрај сè, нивното заедничко минато е доволно за да добие покана, но работите не се одвиваа така“, објасни изворот.

Дури и Карли Клос, за која долго време се ширеа гласини дека е во затегнати односи со Тејлор, доби покана за свадбата заедно со својот сопруг. Сепак, тоа не успеа да го стори Блејк Лајвли, која ден пред самата свадба беше забележана на стотици милји далеку од Њујорк.

