„Вие сте нашата гордост“: Зеленортските Острови ги пречекаа своите херои од Мундијалот!(ВИДЕО)

5.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Вие сте нашата гордост“: Зеленортските Острови ги пречекаа своите херои од Мундијалот!(ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Така се прави тоа. Браво и секоја чест. На Меѓународниот аеродром во главниот град на З. Острови, беше одржан дочек кој долго ќе се памети, по враќањето на фудбалската репрезентација од исклучително успешниот настап на Светското првенство. Веќе неколку часа пред слетувањето на авионот, илјадници навивачи се собраа пред аеродромскиот терминал, мавтајќи со знамиња и пеејќи песни посветени на репрезентацијата. Атмосферата беше исполнета со емоции, гордост и неверојатно исчекување.
Кога авионот со делегацијата почна да се приближува кон пистата, вистински спектакл. Сите присутни ги зедоа своите телефони, а извици на воодушевување одекнуваа низ целиот аеродромски комплекс.
Според сведоштвата на присутните, обезбедувањето и чуварите во еден момент беа видливо емотивни, а некои дури и се распаднаа под притисокот и емоциите, гледајќи сцени што ретко се гледаат во спортската историја на земјата.

 

По слетувањето, претставниците на репрезентацијата излегоа од авионот добивајќи громогласен аплауз. Капитенот на тимот беше првиот што излезе, кревајќи го знамето, што предизвика еуфорија кај толпата која во тој момент се приближи до оградата. Многу навивачи носеа транспаренти со пораки на благодарност, а меѓу нив се издвојуваше натписот „Вие сте нашата гордост“, кој набрзо стана симбол на целиот пречек. Низ главните улици беше организирана спонтана парада, каде што играчите во отворен автобус ги поздравуваа граѓаните, додека над нив наизменично се ширеа конфети и огномет.
Овој пречек веќе влезе во историјата како еден од најемотивните моменти во спортот на З.Острови, а граѓаните велат дека ваквите денови ќе се паметат со генерации.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата