Санти Казорла и официјално ја заврши кариерата

2.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санти Казорла и официјално ја заврши кариерата

Легендата на шпанскиот фудбал, Санти Казорла и официјално ја заврши својата богата играчка кариера.

Сега веќе 41. годишниот напаѓач мина повеќе од две децении на терените, а во кариерата настапуваше за  Овиедо, Рекреативо Уелва, Малага, Виљареал, Арсенал и Ал Сад.

„Мислиме дека животот нè води во различни насоки сè додека не сфатиме дека некои приказни никогаш не завршуваат, тие само нè враќаат на почетокот – како бројка осумка. Мојата приказна не започна на голем стадион или под рефлекторите, започна на обичен терен, со топка и момче кое само сакаше да игра фудбал. Чекор по чекор, го пробив својот пат. Доживеав прекрасни работи… Поминав и низ тешки моменти што не ги очекував. Но, никогаш не престанав да се обидувам. И конечно се вратив, не за да затворам поглавје во книгата, туку да го живеам сè одново. Да се ​​сетам зошто почнав. И сега, кога светлата се гасат, чевлите се тргаат настрана, а бучавата ѝ отстапува место на тишината, сè си доаѓа на свое место. Крајот беше дома, токму таму каде што започна магијата. Затоа што некои приказни не завршуваат; тие остануваат со вас засекогаш. Како бројка осумка, како бесконечност.“ – напиша Казорла на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Oviedo (@realoviedo)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата