Норвешка – Англија 1:1 е резултатот по првото полувреме во битката за полуфинале на “Хард Рок“ стадионот во Мајами. Се играше 36.минута кога Шјелдруп од лево постигна магичен гол, го изненади Пикфорд и на својата селекција и донесе голема радост. По тој момент Норвешка имаа уште неколку закани.
Пред тој момент Англија го имаше поседот, но со тие бескрајни додавања не успеваше опасно да се закани. Кејн, Белингам, О`Рајли имаа полушанси. Сепак во 45+2.минута Белингам израмни со убав гол.
Во финишот на првиот дел овој натпревар се “отвори“, секако дека во продолжение очекуваме вистински спектакл.

