Легендарниот Паоло Малдини е нов технички директор на репрезентацијата на Италија (ФОТО)

11.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарниот Паоло Малдини е нов технички директор на репрезентацијата на Италија (ФОТО)
ФОТО:.facebook.com/ACMilan/

Легендарниот дефанзивец Паоло Малдини е назначен за нов технички директор на италијанската репрезентација, објави локалната фудбалска федерација. На својата нова улога, тој ќе соработува тесно со Леонардо, кој ќе биде негов советник.
Главната задача за двајцата ќе биде да изберат нов тренер кој ќе ги води „аѕурите“ кон крај на кризата. Италија, четирикратен светски шампион, не успеа да се квалификува на последните три Светски првенства, што наложи преземање решителни мерки за промени.
Меѓу имињата поврзани со селекторската позиција е Антонио Конте, кој до неодамна го водеше Наполи. Сепак, италијанската федерација не ја исклучува можноста да му верува на странски тренер за да ја прекине негативната серија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата