Шпанија – Австрија 1:0 е исходот од првото полувреме од натпреварот од 1/16 финалето кој се игра во Лос Анџелес. Стрелец на водечкиот гол беше Ојарзабал во 36.минута. Според шансите европскиот првак требаше и мораше да има поубедливо водство. Јамал, Ојарзабал, па потоа во судиското продолжение на Баена и Јамал, но на пауза се замина само со 1:0 а Австријците можат да бидат и среќни.
Од она што се виде во првото полувреме, Шпанија која важи за еден од најголемите фаворити за титулата, игра навистина одличен фудбал.
Победникот од овој меч во 1/8 финалето се среќава против победникот од мечот Португалија – Хрватска.

