Некогаш Германија беше фудбалска велесила. Некогаш Германија играше најмалку во финале, а освојуваше и пехари на големите натпреварување, на ЕП и СП. Сега веќе и дефинитивно не е така. Синоќа “Панцерите“ беа поразени од Парагвај на пенали и тоа во 1/16 финалето на СП. Се разбира дека допрва следуваат критиките за германскиот тим, а посебно за селекторот Јулиан Нагелсман кој и дефинитивно потврди дека ова е преголем залак за него.
Познатиот аналитичар Раде Богдановиќ имаше интересен коментар за селекторот на Германија и за тоа што се случи на мечот со Парагвај…
“Таа Германија, особено нејзината селекција, еуфоријата околу селекторот затоа што е млад, мислам дека е многу лоша.Голманот не може да биде постар од селекторот. Во минатото, селекторот беше во сериозни години, а овој уште е во пубертет“.
Колку за потсетување, Мануел Нојер има 40 години, додека селекторот Нагелсман има 38 години.

