Чешкиот напаѓач Патрик Шик се збогува со репрезентацијата откако Чешка беше елиминирана уште на стартот на Светското првенство. 30-годишниот напаѓач објави на социјалните мрежи дека ја завршува својата репрезентативна кариера со порака дека на чешкиот фудбал му се потребни промени.
„Тоа беше патување полно со емоции, радости и разочарувања, победи и тешки моменти. Секогаш давав сѐ од себе за националниот тим и се обидував да ја претставувам нашата земја на најдобар можен начин“, рече Шик.
Иако си заминува горд на своите достигнувања, тој исто така изразува голема загриженост за иднината.
„Чешкиот фудбал може и мора да направи многу подобро од она што го покажуваше во последните години. Треба да се соочиме со вистината и да промениме многу работи што не функционираат на долг рок“, нагласи тој.
Тој одигра вкупно 56 натпревари за репрезентацијата и постигна 26 гола.

