Мухаремовиќ по Мундијалот заминува во Јувентус

26.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мухаремовиќ по Мундијалот заминува во Јувентус

Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека по завршувањето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ ќе направи трансфер во тимот на Јувентус.

Момчето кое што е родено во Словенија, но кое што е израснато во Австрија и настапуваше за екипите на Кертен, Клагенфурт, Волфсбергер, на многу малда возраст беше купен од Јувентус, и доведен во Торино. Играше за младите селекции на овој тим, за да потоа сениорскиот момент го дочека во тимот на Сасуоло.

Сега, откако тој одигра одлични партии во тимот, а и во дресот на Босна блеска на последните дуели, како во квалификациите така и на Мундијалот, очигледно дека Јувентус во него гледа решение за проблемите во одбаната.

Многу веројатно дека при трансферот на во Сасуоло од Јуве, „Старата дама“ додала во договорот и клаузула за ексклузивно право за враќање на Мухаремовиќ доколку за тоа има желба и простор, па тоа очигледно и дека ќе се оствари.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата