Парагвај – Франција 0:1. Победа на големиот фаворит, но далеку потешко од очекувањата во натпревар од 1/8 финалето во Филаделфија. Стрелец на победничкиот гол беше Килијан Мбапе и тоа од пенал во 70.минута. Франција победи, ама не блескаше, се мачеше со “бункерот“ на Парагвај. Сепак најважно за четата на селекторот Дидие Дешамп што оди натаму.
Уште на почетокот од мечот стана јасно како ќе се одвива овој натпревар. Паргвај со класичен бункер, со пет – шест стопери. Целта беше јасна, да не им се дозволи на Французите простор за да се размавнат. Тоа успеваше, посебно во првиот дел. На другата страна Франција само со удари од далечина се обидуваше да дојде до водство, но без успех. Коне, Рабио, Мбапе, а Кунде во 37.минута со прв удар во рамките на голот, но немаше гол.
Па така на пауза се замина со тие 0:0.
Во второто полувреме „Триколорите“ тргнаа поофанзивно, Коне во 54.минута шутираше под пречката ама голманот Хил со фантастична парада спасува чист гол.
И тогаш во таа 67.минута пенал за Франција. Гомез несреќно стартуваше брз Дуе, јасно беше дека ова е пенал. Мбапе ја презеде одговорноста и без проблем во 71.минута погоди за 1:0, откако претходно и ВАР потврди дека било пенал. Ова беше 19 гол за Мбапе на Мундијалите и седми на ова СП со што се израмни со Лео Меси, но Аргентинецот има еден повеќе на светските првенства.
По тој гол сега парагвајците беа нервозни.
Во самиот финиш Парагвај конечно се отвори, имаше и неколку закани, но на крајот сепак Франција славеше. А Мбапе во 90+7.минута во една акција имаше два зицери, но не успеа по вторпат да се запише во листата на стрелците.
А по мечот гужва, Парагвајците едноставно не можеа да прифатат дека мора да си одат дома.

