Португалија ја победи Хрватска со 2-1 во драматичен натпревар од 1/16 финалето на Светското првенство. Португалците направија пресврт во Торонто, а херој беше Гонзало Рамос, кој го постигна победничкиот гол во четвртата минута од судиското продолжение.
Гледавме две сосема различни полувремиња. Првото беше здодевно, а второто беше „пукање“, а најважен беше судиското продолжение кое траеше 20 минути.
Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53-тата минута, но Кристијано Роналдо го врати својот тим во живот од пенал во 68-мата минута. Рамос донесе пресврт во судиското продолжение, а Хрватите постигнаа гол во последниот напад, меѓутоа, ВАР реагираше и ги фрли во очај.
Португалија ќе се соочи со Шпанија во осминафиналето, на 6 јули, во пиринејското дерби.
Хрватска на овој меч имаше поништени голови поради офсајд. Кулминацијата на драмата се случи во 13-тата минута од судиското продолжение, кога ВАР го поништи голот на Хрватска поради офсајд на Пашалиќ. ВАР исто така мораше да реагира, за да утврди дали Матановиќ ја допрел топката пред тоа.
Долго се чекаше натпреварот да продолжи, но не беше реално Хрватите да постигнат уште еден гол, дури и по повеќе од 110 минути фудбал.

