Франција не е само Мбапе: Дембеле, Дембеле, Дембеле…и Дуе!(ВИДЕО)

26.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција не е само Мбапе: Дембеле, Дембеле, Дембеле…и Дуе!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Норвешка – Франција 1:4 е крајниот резултат од мечот во Бостон, во рамките на 3.коло во групата И.Со оваа победа страшната Франција заврши како прва во групата, додека Норвешка како втора ќе патува во 1/16 финалето на овој Мундијал.

Штета што не видовме вистинско дерби, што не ја видовме вистинската Норвешка, ако се знае дека на овој меч играа резервистите на оваа селекција. Таква беше одлуката на селекторот Солбакен.

Франција стартуваше со најдобрите а вистинско шоу приреди Усман Дембеле кој во првото полувреме постигна хет – трик. Во самиот финиш и Дуе стрелаше за конечни 1:4.

Инаку мечот започна со погодената пречка на Мбапе уште во 26 секунда.

Норвешка и покрај се имаше шанси овој пораз да го ублажи ако се знае дека во 50.минута, Ларсен не успеа да реализира удар од белата точка, поточно Мењан го одбрани тој удар.

Франција покажа сила, сепак не може премногу да се детализира ако се знае дека играа против вториот состав на Норвешка, а во второто полувреме “Триколорите“ како повеќе да ја чуваа силата.

Да кажеме и тоа дека на клупата на Франција не беше селекторот Дидие Дешамп поради смртен случај во неговото семејство.

Во исто време се одигра и вториот меч од оваа група на кој Сенегал со 5:0 просто го декласира составот на Ирак. Стрелци на головите беа Диара, Сар, Гуеи два и Ндиај.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата