Познати десетте најмоќни пасоши во светот според „Global Citizen Solution“

5.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познати десетте најмоќни пасоши во светот според „Global Citizen Solution“

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите врз основа на квалитетот на живот, слободата на патување и привлечноста за инвестирање.

Индексот на пасоши Henley е најпознатото рангирање на пасоши во светот и се објавува квартално, врз основа на бројот на земји во кои носителите на пасоши можат да патуваат без виза. Сепак, Global Citizen Solution, кое се објавува еднаш годишно, зема предвид три клучни критериуми, а најновата листа е објавена штотуку.

Покрај слободата на патување, односно бројот на дестинации во кои може да се влезе без виза, се анализира и привлечноста за инвестирање (даночна средина и конкурентност на економијата), како и квалитетот на живот (здравствен систем и социјална инфраструктура) во земјата што го издава пасошот.

Според овие критериуми, најмоќниот пасош во светот ѝ припаѓа на Шведска, која се рангираше на 11-то место по слободата на патување, на деветто по привлечноста за инвестиции и на второ место по квалитетот на живот.

Швајцарија се рангираше на второ место во генералниот пласман, како и на второ место по привлечноста за инвестиции. Финска е трета во генералниот пласман, четврта по слободата на патување и прва по квалитетот на живот.

Сингапур е само 115-ти по квалитетот на живот, но благодарение на првото место по слободата на патување (како што е потврдено од индексот на пасоши Henley) и првото место по привлечностa за инвестиции, се рангираше на десеттото место во генералниот пласман.

Десетте најмоќни пасоши во светот според Global Citizen Solution се следните:

1.Шведска

2.Швајцарија

3.Финска

4.Германија

5.Холандија

6.Данска

7.Ирска

8.Обединето Кралство

9.Норвешка

10.Сингапур

Една од најзабележителните промени е падот на САД, кои некогаш беа на врвот, а сега се наоѓаат на 12. место. Според извештајот, американскиот пасош бележи најголем пад меѓу земјите од Г7 во последните пет години.

Најсилниот пасош од поранешна Југославија е словенечкиот, на 37. место, по што следува хрватскиот на 42. место. Србија е далеку подолу, на 66. место (под Украина, која е на 65-то место). Сепак, Црна Гора (71. место), Македонија (78. место) и Босна и Херцеговина (83. место) се уште полошо рангирани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата