Полска со понуда до Вашингот за отворање на воена база на нејзина територија

18.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска со понуда до Вашингот за отворање на воена база на нејзина територија

Министерството за одбрана на САД е отворено за понудата на Полска до Вашингтон да отвори постојана воена база во  источноевропската земја, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш по средбата со својот американски колега Пит Хегсет во Брисел.

Полска се залага за поголемо присуство на сојузниците на источното крило на НАТО уште од почетокот на руската инвазија на соседна Украина во 2022 година.

„Денес имав можност да разговарам со министерот за војна, разговаравме за колективна одбрана и соработка“, изјави Косињак-Камиш пред новинарите во Брисел.

„Соединетите Американски Држави позитивно одговорија на предлогот на Полска за воспоставување постојана американска воена база во Полска“, рече полскиот министер. Сè уште не е донесена одлука, додаде тој. Американските трупи стационирани во Полска моментално редовно се ротираат.

Во четврток, Хегсет објави преглед на распоредувањето на американските сили во Европа и се закани дека ќе ги суспендира некои од американските обврски кон НАТО доколку „млитавите“ сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана. Обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет рече дека прегледот на САД ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на САД, кој донесе закон за ограничување на бројот на американски сили во Европа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата