Над 38.000 исчезнати по разорните земјотреси во Венецуела, бројот на загинати би можело да биде огромен

25.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 38.000 исчезнати по разорните земјотреси во Венецуела, бројот на загинати би можело да биде огромен

Отворена е веб-страница за Венецуелците да пријавуваат исчезнати најблиски по земјотресите, при што 38.116 лица во моментов се пријавени како исчезнати, објави Скај Њуз.

Оваа бројка не е официјален број на потврдени исчезнати и го одразува хаосот на теренот додека семејствата се борат да стигнат до најблиските.

На веб-страницата, семејствата споделија и слики од оние до кои сè уште не се пронајдени.

Се вели дека повеќе од 1.600 луѓе се пронајдени откако претходно беа пријавени како исчезнати. Бројот на загинати е 164, иако се очекува дека црниот биланс ќе биде далеку поголем.

ОН предупреди на потребата од „масовен колективен напор“ за да се помогне на Венецуела и на погодените во наредните денови.

Том Флечер, заменик-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, рече:

„Дури и пред овие земјотреси, речиси осум милиони луѓе во Венецуела имаа потреба од хуманитарна поддршка. Оваа катастрофа ризикува да ги продлабочи постојните ранливости. Постојаната меѓународна поддршка за хуманитарните организации кои реагираат на терен е од суштинско значење и итна.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата