Со двата гола синоќа, Кристијано Роналдо постигна голови за Португалија на 11 Светски и Европски првенства.
Двата гола од синоќешниот меч со Узбекистан на тековното Светско првенство значеа ефикасност на 11 големи турнири на кои настапи португалскиот супер-стар. Тоа е нов рекорд меѓу европските фудбалери.
Германците Јирген Клинсман и Мирослав Клозе, заедно со Швајцарецот Џердан Шаќири, го делат второто место според бројот на постигнати голови на Светските и европските првенства. Тие беа стрелци на шест европски и светски првенства.

