Потег на Реал Мадрид кој и тоа како изненади јавноста. Ова “Кралевите“ ретко го прават, ама денеска го направија. Реал Мадрид издаде официјално соопштение како одговор на медиумските извештаи за наводен интерес за играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Шпанскиот клуб соопшти дека немал никаков контакт со францускиот фудбалер или неговите претставници, пишува на официјалната веб-страница на клубот.
На овој начин, клубот реагираше на сè почестите медиумски шпекулации што се појавија во последните денови. Реал Мадрид, исто така, ја искористи можноста да ги истакне своите одлични институционални односи со Баерн Минхен, со кого дели долга историја на меѓусебно почитување и соработка. Клубот изразува жалење за ширењето на шпекулациите, кои, како што наведуваат, не одговараат на реалноста. Двата клуба отсекогаш одржувале однос заснован на доверба, се наведува во соопштението за медиумите. Затоа тие веруваат дека секој потенцијален интерес за играч под договор со друг клуб мора да се реши првенствено меѓу самите клубови, во согласност со принципите на институционална лојалност што историски го воделе односот меѓу Баерн и Реал.

