На повидок невидена БРУКА: Ако сакаат полесен противник во 1/16 финалето, мора да загубат!!!

25.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На повидок невидена БРУКА: Ако сакаат полесен противник во 1/16 финалето, мора да загубат!!!
фото: Football Tweet (X)

Скандал во најава. На повидок невидена БРУКА на СП. Одлуката на челниците на ФИФА да го прошират Светското првенство на 48 репрезентации и да воведат систем според кој дури осум од 12-те третопласирани репрезентации одат во нокаут фазата, создаде тотален хаос и отвори врата за невиден скандал. Репрезентациите се принудени да чекаат на исходот со денови за да дознаат дали ќе останат на турнирот. Уште полошо, последниот натпревар од групната фаза е закажан за недела во 4:00 часот по средноевропско време, а тој дуел помеѓу Алжир и Австрија се заканува да го унипти целото првенство. Угледниот британски „Тајмс“ детално ја анализираше ситуацијата во групата Ј, каде пред последните 90 минути се случи апсурдно и парадоксално сценарио – и Алжир и Австрија во овој момент би сакале да го изгубат натпреварот отколку да освојат три бода! Пресметката во оваа група целосно ги разоткри сите недостатоци на системот на ФИФА. Моќната Аргентина веќе го зацементира првото место со две стартни победи, додека Алжир и Австрија освоија по три бода.

Ова значи дека обете селекции веќе ја обезбедија барем третата позиција, што во новиот формат им гарантира безбеден премин меѓу 32-те најдобри екипи во светот преку третопласираната табела. И тука се појавува скандалозен проблем. Правилата за премин во „костурот“ велат следново – второпласираната екипа од оваа група Ј во осминафиналето оди директно пред нозете на моќната Шпанија, која се смета за еден од главните фаворити за освојување на титулата. Од друга страна, екипата што ќе заврши трета во групата добива многу полесен противник – второпласираната екипа од Групата Г, која најверојатно ќе биде Белгија или аутсајдерот Иран!

Математиката е јасна, не може да биде појасна: Алжир го обезбедува второто место со победа и оди на Шпанија. Нерешено или пораз ги остава на посакуваната трета позиција. Австрија, ако сака да ги избегне Шпанците и да добие полесен ждреб, а сигурни сме дека го сакаат тоа, нужно мора да го изгуби овој натпревар за да падне на третото место. Бидејќи овој натпревар ќе се игра во недела во 4 часот наутро, дури откако ќе завршат сите натпревари во сите други групи, двете репрезентации ќе имаат 100% чиста математика пред да излезат на теренот во Канзас Сити и ќе знаат точно што ќе им донесе намерен пораз.

Флоријан Едерер, истакнат професор по економија на Универзитетот во Бостон и инаку страствен навивач на Австрија, отворено ја предупреди јавноста дека нè очекува фарса на теренот бидејќи двете екипи имаат директен интерес да не победат. Тој е со таа изјава, потсети на една од најголемите црни точки во историјата на светскиот фудбал, кога во далечната 1982 година, Австрија и Алжир беа во сосема идентична ситуација во Шпанија! Потоа, во последното коло, минималната победа на Западна Германија против Австрија од 1:0 ги одведе двете европски селекции понатаму, и директно го елиминираше сензационалниот Алжир. Германците постигнаа голови рано, а потоа двете екипи ги поминаа преостанатите 80 минути шетајќи по теренот и разменувајќи додавања на средниот ред без намера да нападнат. Тој натпревар беше запишан во историјата како „Срамот од Хихон“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата