Халанд со шокантна изјава: Не ми е гајле за Франција!

23.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд со шокантна изјава: Не ми е гајле за Франција!
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Во интересен натпревар селекцијата на Норвешка го победи Сенегал со 3-2 во второто коло од Светското првенство, со што обезбеди место во нокаут фазата од натпреварувањето. Со два постигнати гола, херој на победата беше Ерлинг Халанд, а со оваа победа, Норвешка постигна две победи во групната фаза на Светското првенство за прв пат во историјата. Секако си обезбеди и пласман во нокаут – фазата. Ова беше 52-ри настап на Халанд за националниот тим, а сега има вкупно 59 гола зад себе.
„Мислам дека го направивме секој Норвежанец во светот среќен. Сега прво се враќаме во кампот за да се опоравиме бидејќи навистина ни е потребно по толку тежок натпревар“, рече Халанд по победата.

Во последното коло, Норвежаните играат против Франција.
„Франција? Не, сè уште не сме почнале да се подготвуваме за нив“, рече кратко Халанд, а потоа шокираше со изјавата:

Не ми е гајле за Франција. Ние се пласиравме понатаму, а тие веројатно ќе нè победат и ќе го освојат трофејот на СП“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата