Соединетите Американски Држави, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Како дел од тие напади, САД конкретно ја таргетираа иранската Револуционерна гарда, за која се верува дека во петокот извршила напад врз воена база во Јордан, при што загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News).
Уште еден припадник на американските сили се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети. САД исто така погодија ирански воени објекти за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, поморски објекти, како и складишта за ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат воените капацитети на Иран, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време.
Newly released footage of US forces conducting airstrikes on Iran overnight, seen hitting construction equipment and a coastal radar site. pic.twitter.com/n9F3LeESjc
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 19, 2026
Потоа следувал и одговор од Иран.
Иран тврди дека извршил напади со беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Иранската армија соопшти дека извела напад од големи размери со беспилотни летала врз два американски воени објекти во Кувајт, пренесува Ал Џезира.
Во соопштението пренесено од државниот радиодифузер IRIB, армијата наведе дека нејзините „разорни беспилотни летала го погодиле складиштето за муниција во кампот Ал Адири“, како и радарите на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и радарите за противвоздушна одбрана во воздухопловната база „Али Ал Салем“.

