Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ги повтори тврдењата дека војската на Иран е „целосен и апсолутен хаос“ и тврди дека иранската морнарица и воздухопловни сили „практично повеќе не постојат“.
Трамп: Иран го одложи договорот предолго. Сега ќе ја плати цената „Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот на Блискиот Исток е МРТОВ!!!“, напиша Трамп.

Тој додаде дека Иран „премногу долго одложувал“ во постигнувањето договор што, според него, би бил поволен за нив и рече: „Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, без да даде дополнителни детали.

