Растат тензиите околу Ормутскиот теснец, САД и Иран разменуваат оган

13.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Растат тензиите околу Ормутскиот теснец, САД и Иран разменуваат оган

Во рок од неколку часа од новите американски напади, Иранската исламска револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин.

Ескалацијата на нападите, кои фрлаат сомнеж врз иднината на привремениот договор меѓу САД и Иран потпишан во јуни, доаѓа во време на спротивставени тврдења за тоа дали Ормутскиот теснец е отворен.

Иран вели дека го затворил клучниот воден пат, додека САД инсистираат дека е отворен.

Цените на нафтата утринава скокнаа во Азија. Цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 4,3% на 79,26 долари за барел, додека нафтата што се тргува на америка  исто така се зголеми за 4,3% на 74,50 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата