Падна Владата на Украина

14.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата