Нападите започнале во среда во 6 часот наутро по источно време.
„Целта на нападот е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користат за напад врз трговски бродови во Ормускиот теснец“, објави Централната команда на САД на платформата „X“.
At 6 a.m. ET today, U.S. Central Command forces began launching a wave of strikes against Iran. The strikes are designed to further degrade military capabilities Iranian forces have used to attack commercial shipping in the Strait of Hormuz.
— U.S. Central Command (@CENTCOM) July 15, 2026
За потсетување, американската војска утрово објави дека започнала нов бран напади врз Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нападите биле насочени кон десетици воени цели во близина на Ормускиот теснец и иранските крајбрежни области, објаснувајќи дека целта е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напад врз трговски бродови.
Иранската државна новинска агенција Фарс, повикувајќи се на војската, објави дека 13 американски ракети погодиле касарна на копнените сили во градот Бампур во јужен Иран во текот на ноќта. Според извештајот, седум ирански воени лица биле убиени, а неколку други биле повредени. Иранската војска соопшти дека ќе одговори „решително“ на нападот.
Портпаролот на иранската влада изјави дека повеќе од 30 лица се убиени во американските напади во текот на изминатите неколку дена. Американската војска го напаѓа Иран четири ноќи по ред и шест од последните осум ноќи.

