Среќен сум за “мојот“ Катар, јас го донесов Лаје во Лусаил, се слушнав утринава и му честитав на бодот и одличниот негов настап!

14.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Среќен сум за “мојот“ Катар, јас го донесов Лаје во Лусаил, се слушнав утринава и му честитав на бодот и одличниот негов настап!

Уште еден ден на СП 2026 е зад нас, се одиграа четири и тоа како интересни мечеви. Денеска во рубриката “Коментар на денот“, свое видување има Мирсад Јонуз кој ни откри и една пикентерија во врска со селекцијата на Катар. Познато е дека некогашниот селектор на Македонија, пред 5-6 години работеше успешно во Катар, како тренер на Лусаил.

Швајцарија е стабилна селекција, има квалитет, но ете, не успеа да победи. Од друга страна мило ми е за Катар. Јас верував во нив и секако дека бев среќен на голот во 90+5. минута за тие 1:1. Во селекцијата на Катар со бр.4 играше Иса Лаје, по потекло од Сенегал. Јас го донесов во Лусаил и тоа од улица што се вели. И еве до каде стигна, да игра на СП. Утринава се слушнав со него и му честитав на бодот и секако уште еднаш ми искажа голема благодарност што ете јас сум тој кој му даде шанса во Лусаил. И кога дојде во Луасил видов дека има талент, успеав да создадам од него и не само добар фудбалер, туку и добар човек. Тоа ме прави горд, најважно е да си човек“ посочи Јонуз.

Бразил одигра само 1:1 со Мароко…

Уф, далеку е овој Бразил од некои други времиња. Пасинг играта оди тешко, нема комуникација, задните везни игачи им се катастрофа, нека креација. Јасно е дека Дон Карло ќе го поправи тоа, дека ќе биде подобро. Јасно е дека Бразил ќе се најде во 1/8 или 1/4, но ништо повеќе од тоа. Мароко е одличен тим, да не заборавиме дека на минатиот шампионат беа во полуфиналето. Оваа селекција има визија и знае што сака. Инаку не сум разочаран од Бразил, тие се тие играчи. Проблемот е во средниот ред, имаат добра одбрана и супер напад, но средниот ред е проблематичен“.

Турција ја “тресе“ тој балкански менталитет…

Неверојатно. Просто сум шокиран како може на еден ден пред натпреварот со Австралија, да излезе таков скандал во таборот на турската селекција, мислам со пушењето на дел од играчите. Страшно. И уште еднаш се потврдува дека и Турција ја „тресе“ тој балкански менталитет или синдром. Се е супер и кога треба да бидеш најдобар на едно СП или ЕП, мора да се случи нешто. Штета со оглед на тоа дека Монтела има добар тим. Има ѕвезди, има квалитет, до пред некој ден однадвор изгледаше дека е се идеално, но не било така. Турска или балканска работа што би се рекло. На крај за Шкотска да кажам збор – два. Очекував поубедлива победа против Хаити, но ете, најважно е што се победи, што се освоија трите бода. Видете многу тешки се за играње овие први мечеви. Сепак најважно за Шкотска што не дозволи кикс“ заклучи Мирсад Јонуз.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата