Шокантно: Зидан нема да ја гледа Франција, туку “неговиот“ Алжир а причината е неговиот син!

15.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантно: Зидан нема да ја гледа Франција, туку “неговиот“ Алжир а причината е неговиот син!
ФОТО: Real MadridFC/X

И повеќе од јасно е дека Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на Франција по Светското првенство, но потегот што го направи за време на Мундијалот дефинитивно нема да им се допадне на многумина во земјата на “Галските петли“. Сепак, легендата има свои причини за одлуката што ја донесе.
Славниот Зизу нема да биде присутен во Њу Џерси на натпреварот Франција-Сенегал, туку ќе го гледа натпреварот на својата матична земја – Алжир. Оваа селекција игра против актуелниот шампион Аргентина во Канзас Сити.
Зидан мораше да избере кој натпревар ќе го гледа. Невозможно е да се присуствува на двата натпревари, а тој одлучи да оди во Алжир поради својот син Лука, кој ги брани боите на оваа селекција.
28-годишниот Лука Зидан неодамна одлучи да брани за алжирската репрезентација. Тој имаше право на тоа поради потеклото на неговиот татко и фактот дека неговиот дедо пристигнал во Франција од оваа африканска земја, па доби покана од селекторот Владимир Петковиќ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата