Полувреме: Мексико води со 1:0, лесно можеше да биде и поубедливо (ВИДЕО)

11.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме: Мексико води со 1:0, лесно можеше да биде и поубедливо (ВИДЕО)
фото: EuroFoot (X)

Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од 1:0 против Јужна Африка во премиерниот меч на Мундиалот.

Мексиканците беа далеку подобар тим во ова полувреме и чусто чудо е што не успеаја барем вторпат да го погодат голот на Вилијамс. Кињонес ја погоди и стативата, додека Раул Хименез не успеа да искористи две чисти шанси за гол.

Останува да видиме што ќе се случи во второто полувреме на „Мексико Сити Стадиум“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата