Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

17.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука и неговите соиграчи од Алжир загубија со 3-0 по хет-трикот на Лионел Меси. Токму Зидан помладиот, кој играше со заштитна маска поради неодамнешна фрактура на вилицата, беше на голот на селекцијата на Алжир.

Веднаш по вториот гол, камерите го покажаа неговиот татко, кој, секако, не беше задоволен од она што го виде. По натпреварот, имаше многу критики кон голманот на Гранада.

А неговиот татко го гледаше шоуто на Меси и не му се веруваше што гледа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата