Моќна, моќна Шпанија: Новиот светски првак со пехарот! (ВИДЕО)

19.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моќна, моќна Шпанија: Новиот светски првак со пехарот! (ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Ова финале на СП 2026 не можеше, не смееше да заврши поинаку по се она што се случуваше во текот на сите 120 минути. Шпанија победи со 1:0 со голот на Феран Торес во продолженијата.

Оваа Шпанија покажа дека има победнички карактер, одигра на сите мечеви напаѓачки, имаше свој систем под водство на маестралниот селектор Луис де ла Фуенте и на крај заслужено славеше.

Како што и беше најавено, победничкиот пехар го доделија претседателот на САД, Доналд Трамп и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

И кога капитенот Родри, кој беше прогласен за МВП на Мундијалотк, го доби пехарот наменет за селекцијата која е најдобра во светот на фудбалот, следуваше фото за историја.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата