Следува темелна истрага на ФИФА за инцидентите на финалниот дуел

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Следува темелна истрага на ФИФА за инцидентите на финалниот дуел

Светските медиуми пренесуваат дека извори од ФИФА потврдуваат дека во следниот период ќе има темелна дисциплинска истрага околу инцидентите по завршувањето на финалето од Мундијалот синоќа во кое Шпанија со 1:0 ја победи Аргентина и ја освои светската титула.

Според изворот, неколку моменти ќе бидат детално пофатени, прегледани, а потоа и процесуирани.

Во прв ред тоа е Леандро Парседес и црвениот картон кој што го доби за предизвикување инцидент и тепачка. Науел Молина за удирањето на Родри за време на прославата на шпанците. Помошникот тренер, Роберто Ајала, бидејќи го удрил Дани Олмо исто така за време на прославата на победниците.

Непочитувањето на церемонијата исто така „под лупа“

Покрај физичките пресметки, ФИФА ќе го оцени и однесувањето на аргентинската делегација за време на церемонијата на доделување на трофејот. Неколку играчи им свртеа грб кога Шпанија го крена пехарот, гест што предизвика сериозни контроверзии и критики во спортскиот свет.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата