Поради исклучително лошо време, врнежи и грмотевици, пријателскиот меч помеѓу репрезентациите на Англија и Костарика кој што вечерва треба да се одигра во Орландо, САД, засега е одложен.
Поточно, од англиската федерација јавија дека дуелот е одложен, не конечно, барем засега и дека ако временските услови дозволат, ќе започне во 23:00 часот.
Ова секако треба да се последниот дуел за Англија пред утрешниот официјален старт на Мундијалот.
An update on today's game against Costa Rica: pic.twitter.com/7wDYB72jua
— England (@England) June 10, 2026

