Конате потпишал за Реал, во Мадрид доаѓа по СП

8.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конате потпишал за Реал, во Мадрид доаѓа по СП
фото: Fabrice Hawkins @FabriceHawkins (X)

Централниот дефанзивец на француската репрезентација, Ибрахимa Конате, веќе потпиша договор со Реал Мадрид.

Според „РМЦ Спорт“, 27-годишникот, кој го напушта Ливерпул како слободен играч, потпишал договор со Мадрид до летото 2030 година.

Ибрахимa ќе му се приклучи на Реал Мадрид по Светското првенство во 2026 година, по пет години поминати во дресот на „црвените“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата