Откако нема некој друг, мора да се врати оној кој што беше шокиран од Македонија во Палермо, во баражот за пласман на СП 2022 во Катар. Роберто Манчини во моментов е најсериозен кандидат за функцијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, според италијанските медиуми.
Според неколку извори, меѓу кои и познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, враќањето на искусниот стручњак на клупата на „Азурите“ е практично сигурно, а формализирањето на договорот се очекува во наредниот период.
Според новинарот Никола Шира, Манчини треба да потпише договор со Италијанската фудбалска асоцијација до 2030 година, вреден 2.000.000 евра по сезона.
Манчини би го наследил привремениот шеф на тренерскиот штаб Силвио Балдини, кој ја водеше репрезентацијата на јунските пријателски натпревари против Луксембург и Грција, како селектор.
Италија ги доби двата натпревари со резултат од 1:0, по што Балдини треба да се врати на работа со младата репрезентација.
61-годишниот тренер веќе ја водеше италијанската репрезентација од 2018 до 2023 година. Најголемиот успех го постигна со освојувањето на Европското првенство во 2021 година, додека една година подоцна репрезентацијата остана без место на Светското првенство.
По напуштањето на италијанската репрезентација во 2023 година, Манчини ја презеде селекцијата на Саудиска Арабија, но остана на таа позиција малку повеќе од една година.
Италијанските медиуми објавуваат дека поранешниот тренер на Манчестер Сити и легендата на Сампдорија постојано јавно изјавувал дека напуштањето на клупата на репрезентацијата го смета за грешка и дека жали за таквата одлука.
sportmedia.mk

