Неверојатен меч. Гол – шоу во Мајами. Франција – Англија 4:6 е исходот од битката за третото место на СП. Фуриозно прво полувреме на “Трите Лава“ и водство од 0:4, во второто полувреме “триколорите“ стигнаа до 3:4, на чекор до чудо, ама сепак на крајот завршија како четврти.
Мбапе со два гола го заврши Мундијалот и сега е прв стрелец со 10 голови и со 21 прв на светските првенства.
Дешам со пораз на последниот меч како селектор на Франција, а можеме да претоставиме што ли ќе се случеше ако Тухел испуштеше предност од 4:0.
А се почна уште во 3.минута кога по еден соло продор Рајс постигна прекрасен гол за 0:1. Сака стрелаше за 0:2, но голот поради офсајд беше поништен. Се играше 18.минута кога Рајс асистираше а Конса стрела за 0:2. Доминација на Англија, секој напад “мирисаше“ на гол а на другата страна сите во Франција играа само Мбапе да постигне некој гол и да го престигне Меси на листата на стрелците, и тоа им се одмазди.
Мбапе имаше шанси, дури три, но голманот на Англија, Хендерсон беше несовладлив.
Тука не беше крајот на маките за “триколороите“, до крајот на првиот дел Сака со два гола зголеми на 0:4, резултат со кој се замина на пауза.
И кога виде дека „ѓаволот ја однел шегата“, Дидие Дешамп на полувремето направи неколку измени. Во игра влегоа Дембеле, Баркола, Дињ и Упамекано.
Конечно Мбапе стрела во 48.минута за 1:4, негов 9-ти гол, сега е прв стрелец, на овој Мундијал и 21 на светските првенства, исто колку што има и Меси.
Франција влезе во ритам, тоа беше евидентно, сега Англија ништо не играше, па Баркола во 55.минута “стрелаше“ за 2:4. Само две минути Дембеле имаше зицер за 3:4, но ништо од тоа, Хендерсон одбрани.
Затоа шоуто го продолжи Мбапе за 3:4, ова беше негов 10 гол на Мундијалтот и 22 на светските првенства, сега е најдобар стрелец во историјата и пред Меси.
Англија е во шок, а Франција продолжи со нападите и шансите.
Но, во 85.минута Густо го фаулира Спенс, и тоа беше пенал за Англија.
Сака ја презеде одговорноста и погоди за 3:5, негов хет-трик на овој меч. На крајот Дембеле стрелаше за 4:5, а Белингам стрелаше за конечни 4:6. Англија сепак е трета и бронзена на ова СП.

