Од соседна Србија попладнево пристгинува навистина ужазна вест. Фудбалскиот сојуз на западно српскиот регион изрече дисциплински мерки по повод мечот од првата пионерска лига (!?) помеѓу екипите на Кикер од Краљево и Борац од Чачак, откако била спроведена постапка поради сомнение дека истиот бил наместен!!!
Надлежните реагирале и тоа очигледно со право затоа што домашниот тим на овој меч по првиот дел водел до 4:0, за да на крајот гостите победат со 4:5.
Па така, откако постапката е готова, донесена е казнена мерка со одзимање на девет бодови на тимот на Кикер, а 12 бодови на тимот на Борац Чачак.
Тренерот пак на тимот на Кикер, извесен Драган Парезановиќ добил суспензија во траење од две години за бавење со фудбал, а истата мера ја добил и неговиот коллега од другата страна, Иван Глигоријевиќ

