Еве како реагираше Мурињо после победата на Перез (ВИДЕО)

8.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве како реагираше Мурињо после победата на Перез (ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Жозе Мурињо ја споделува својата реакција на победата на Флорентино Перез на претседателските избори на Реал Мадрид

„Да, Флорентино Перез победи. Секако“, рече Мурињо во видео објавено на социјалните мрежи.

Перез го победи шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме и ќе продолжи да го води клубот до 2030 година. Ова ќе биде негов осми последователен мандат на функцијата, а вчерашното гласање беше прв избор во клубот од 2006 година.

Жозе Мурињо беше фаворит да стане главен тренер на „кралевите“ доколку Перез победи на изборите, па веќе се очекува дека Специјалниот официјално ќе слета на „Сантијаго Бернабеу“ за неколку дена.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата