Платформата Liveuamap објави мапа на конфликтот во Украина, на која се прикажани сите релевантни информации означени со црвени и сини симболи.
Сите вести се на мапата, од местата на ракетните напади до локациите каде има мртви. На две локации на југот на Украина беа означени и местата каде Русија го запре поморскиот сообраќај.
– Најпроблематична состојба денеска е на југот. Нашите сили учествуваат во борбите околу Херсон, непријателот кој доаѓа од окупираниот Крим се обидува да се пробие кон Мариупол – објави денеска Зеленски.
Картата на нападот со измените од минута во минута во Украина можете да ја погледнете на овој линк, а еве како последно изгледаше.


