По Фејсбук, падна и Инстаграм

19.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По Фејсбук, падна и Инстаграм

На почетната страница на апликацијата Instagram, кај некои корисници се појавува пораката „Добредојдовте на Instagram“, а остатокот од доводот (feed) не е видлив.

Инаку, од утринава не функционира ниту Facebook, а прекинот во работата беше пријавен нешто по девет часот наутро.

Почетната страница на Facebook исто така не се отвора – корисниците добиваат порака дека настанал проблем.

„Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Ве молиме, обидете се повторно за неколку минути“, гласи известувањето што го добиваат корисниците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата