Продолжуваат тензиите во Ормускиот теснец – иранската морнарица заплени неколку трговски бродови

23.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжуваат тензиите во Ормускиот теснец – иранската морнарица заплени неколку трговски бродови

 Се работи за танкерот „Франческа“ кој пловел под панамско знаме, а кое по пресретнувањето од чамците на револуционерната гарда бил одвезен на иранското крајбрежје, заедно со грчкиот брод Епаминодас, од чие грабнување, Техеран објави видео снимка, чија автентичност не е потврдена. Драматичните случувања во клучниот нафтен проток, кој формално е под американска блокада, само потврдуваат дека Иран нема намера да крене раце од теснецот, а за кој денеска се пофали дека ги примил првите приходи од воведените бродски такси. Експертите стравуваат дека дипломатското статус кво, со кревко примирје и без формален договор се заканува да стане новото нормално.

-Ако ова е новото нормално, не сум сигурен дека е одржливо за која било земја. Она што Исламската Република го научи од оваа криза е дека имаа способност да го нарушат глобалните економии преку нарушување на глобалната трговија. Иранците имаат една предност. Нивната економија е во беспомошна состојба. Значи, тие живеат во еден вид примитивни економски услови. , изјави Реј Такет, економски аналитичар за Блумберг.

Проценките се дека во регионот на Ормускиот теснец се заробени околу 20 илјади морнари, кои војната ги затекна на танкерите и два месеца се заглавени без можност да го продолжат транзитот. Последните случувања ја искачија цената на нафтата на 104 долари за барел, шест долари повеќе од вчера, како резултат и на пропадната нова рунда преговори меѓу САД и Иран. Белата куќа не прецизира до кога ќе трае вчера продолжениот прекин на огнот од страна на Трамп, кој прв пат го прогласи на неодредено време.

-Знам дека имаше некои анонимни извештаи дека можеби има рок од 3-5 дена. Тоа не е вистина. Претседателот не постави рок. На крајот, тој ќе го диктира распоредот. Тој великодушно му понуди малку флексибилност на режимот, кој е целосно обезличен од операцијата „Епски бес“. Очигледно има многу внатрешни поделби. Ова е битка меѓу прагматичарите и тврдокорните во Иран, а претседателот Трамп сака унифициран одговор. , изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа.

Случувањата во Ормускиот тесенц се совпадна и со смената на првиот човек на американската морнарица, Џон Фелан, чии причини Пентагон официјално не ги наведе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата