Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

10.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во Белфаст, маж се обиде да му отсече глава на човек - Маск ги повика луѓето да излезат на улица и да протестираат против мигрантите!

Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува напаѓачот како се обидува да ја отсече главата на жртвата.

По страшниот инцидент со нож кој предизвика шок и осуда низ цела Северна Ирскасега властите стравуваат од големи немири во Белфаст.

Некои на социјалните мрежи, вклучувајќи го и Елон Маск, ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат против мигрантите, објавува Гардијан.

Инаку неколку мажи се обиделе да го спречат напаѓачот, дури еден од нив со дрвена палка го удирал.

Нападнатиот маж, кој е во четириесеттите години, заврши во болница. Лекарите ја опишуваат неговата состојба како сериозна. Тој добил сериозни повреди на лицето, вратот и грбот.

Полицијата соопшти дека уапсениот маж, за кој првично се верувало дека е од Сомалија, всушност бил Суданец во триесеттите години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата