Според нив, во нападот биле употребени неколку крстосувачки ракети, а целите биле и „американски системи за воздушна одбрана и радарски инсталации“ во бахреинските региони Мухарак и Рифа, пренесува „Еуроњуз“.
Нема официјална потврда
Службениците во Бахреин и САД, како и претставниците на Амазон, сè уште не ги коментирале иранските тврдења. Наводните напади се случија на десеттиот ден од директните воени судири меѓу Иран и САД, кои продолжуваат и покрај дипломатските напори и размената на пораки од двете страни.
Техеран предупреди дека ќе ги таргетира објектите и инфраструктурата во земјите во регионот кои користат американски сили доколку продолжат нападите на САД врз иранската инфраструктура. Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека Иран ќе плати „многу пати повеќе“ за неодамнешните смртни случаи на тројца американски војници во Јордан и Ирак.
Одговор на нападот во Дарховин
ИРГК во соопштението наведува дека нападот е извршен како одговор на она што го опиша како „вчерашна воена агресија на САД врз цивилни објекти во изградба во Дарховин“.
Во исто време, постојаната мисија на Иран во меѓународните организации во Виена ги повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Советот за безбедност на ОН да го осудат нападот на САД врз нуклеарната централа Дарховин, која сè уште е во изградба. МААЕ соопшти дека ги разгледува извештаите за нападот, но сè уште не објавила независна проценка за инцидентот.

