Без голови по истекот на регуларниот дел од големото финале во кое ќе го добиеме победникот на СП 2026. Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 по тие 90.минути, нема голови па затоа се оди во продолженија а можеби ќе има и пенали.
Вечерва светот ќе добие светски првак, а кој ќе биде тоа ќе почекаме уште малку.
Шпанија беше подобра, се закануваше во неколку наврати, имаше и шанси, но сепак не постигна барем еден гол.
Аргентина на Меси и дефинитивно разочара, “Гаучосите“ немаа ниту една шанса за водство, нема ниту еден шут кон голот на Шпанија.
Во продолженијата “Гаучосите“ ќе играат со играч помалку откако Енцо Фернандез во 90+2.минута беше исклучен.
Во 90+8.минута Мартинез му одбрани опасен шут на Јамал.

