Шампионска прослава: Два милиони навивачи ги поздравија новите светски шампиони (ВИДЕО)

21.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шампионска прослава: Два милиони навивачи ги поздравија новите светски шампиони (ВИДЕО)

Шпанската фудбалска репрезентација синоќа допатува во Мадрид, каде што со своите навивачи ја прослави победата над Аргентина во финалето на Светското првенство. Тимот го водеше тренерот Луис де ла Фуенте, а по пристигнувањето ги чекаше автобус со пораката „Честитки, шампиони“.

Репрезентацијата прво беше пречекана од шпанското кралско семејство во палатата Зарзуела, а потоа се сретна со премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа.

 

Централниот настан беше прославата низ Мадрид. Светските шампиони се возеа во автобус со отворен кров по рута што поминува низ центарот на градот и најпознатите знаменитости, додека финалето се одржа на плоштадот Сибелес, традиционалното место каде што се слават најголемите успеси на шпанскиот спорт.

Море од навивачи ги исполни улиците на главниот град, каде што шпанските играчи беа пречекани како херои по освојувањето на Светското првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата