Руи Коста е заглавен во кредити, Централната банка го стави на „црна листа“

25.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руи Коста е заглавен во кредити, Централната банка го стави на „црна листа“

Првиот човек на португалска Бенфика, Мануел Руи Коста, е вклучен на „црната листа“ на Централниот кредитен регистар на Португалската централна банка, поради неисполнување на обврските за кредит во вредност од над 20 милиони евра.

Информациите што ги објави изданието „Обсервадор“ се поврзани со финансирањето на инвестицијата на претседателот на „Орлите“ во луксузен станбен комплекс наречен „Дрим Ливинг“ во Карнашиде. Руи Коста презел и лична одговорност како гарант за отплата на неколку кредити одобрени од Монтепио банката. Вкупниот износ на кредитите е 20 милиони евра и е наменет за финансирање на проект за шест згради со 90 станови, презентиран во 2018 година во партнерство со ЗПС Груп за инвестиција од 45 милиони евра.

Проблемите со отплатата на кредитот започнаа во мај. Иако околу 7 милиони евра веќе се отплатени, долгот сè уште надминува 15 милиони евра, вклучувајќи ја каматата за доцнење на плаќањата и другите такси. „Обсервадор“ забележува дека Руи Коста се обидува повторно да преговара за долгот со Монтепио.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата